БИЗНИС КОНФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Meeting with Slovakian Vice-Prime Minister
There was a pleasure and very good opportunity to meet and openly to discuss on important business oriented questions!!
We are very grateful on opportunity offered by the Slovak Ambassador in Skopje to be present and to be organizer on this event.
We were honored to present activities of Business Confederation of Macedonia to the Vice Prime Minister of Slovakia, thank to Slovak Government and Slovak Aid we have presented to the Vice Prime Minister that we are in process of implementation of the second funded project by Slovak Aid –Survey on Corruption initiated by The Business Community in Macedonia.
We do appreciate the honest and open knowhow presentation of Mr. Josef Mihal on implementation of Slovak reforms.
Конференција за законот за управување со отпад
Во изминатиот период БКМ беше особено активна во информирањето на бизнис секторот во врска со нивните обврски кои произлегуваат од Законот за пакување и отпад од пакување. Вниманието кое што го привлече оваа проблематика во БКМ, даде идеја за посериозен пристап кон истата и организирање на дводневна работилница каде што беа поканети сите заинтересирани страни .
Така на ден 23,24 .01.2012 Бизнис Конфедерација на Македонија во соработка со консултантската куќа Таргет Комуникации,Министерството за животна средина и просторно планирање и со финансиска поддршка од ТАЕКС инструментот од Европска Комисија,организираа настан на тема “ Менаџмент со отпад и отпад од пакување “
На работилницата беа поканети претставници од комуналните претпријатија, претставници од локалните самоуправи , лиценцираните компании , претставници од компаниите како и инспекторатот за животна средина.
Преку ТАЕКС инструментот беа поканети тројца експерти од Шпанија,Белгија и Словенија со цел да се пренесе нивното искуство во имплементација на ова законодавство и проблемите со кои тие се соочиле.
Нивното чувство е дека избрзано е донесен законот и дека на него треба да претходат неколку други активности и чекори.
Миле Бошков ,Извршен претседател на БКМ и Светлана Петровска ,член на управниот одбор на БКМ пред медиумите изјавија дека непостоењето на собирни центри и ниската свест кај граѓаните и компаниите се најголемите проблеми заради кои сеуште не се применува Законот за управување со отпад од пакување. Ниту на национално, ниту пак на локално ниво, не се вложува во изградба на отпадни центри за селектирање и рециклирање на отпадот.
Генралните заклучоци од дводневната работилница се следниве:
-Интензивна едукација на компаниите,локалните власти и населението во врска со проблематиката;
-Организирање на јавна дебата до крајот од 2012 за ефектите од имплементацијата;
-Анализа на можностите за верификација на системот од Белгија;
-Итно регулирање на селекцијата на отпадот во домаќинствата и обврските на Јавните комунални претпријатија;
-Компаративна анализа на уште три модели од земји членки на ЕУ;
-Формирање на Национално тело за координација на селектирање, собирање и постапување со отпад;
-Скратување на рокот за исполнување на минималните количини за преработен отпад;
-Формирање на регионални депонии за преработка на отпад.
Препорака од странските експерти:
Да не се избрзува во имплементација на моделот,добро да се размисли пред да се преземат првите чекори со цел правилно да се спроведе системот.
Законот досега претрпе неколку измени и дополнување,а се одложуваше и
неговата примена со цел компаниите да се прилагодат и да почнат да го
применуваат. И покрај тоа што крајниот рок за примена на законот беше до
крајот на 2011 година,инспекциските служби се уште не казнуваат.
Бизнис Конфедерација на Македонија и понатаму продолжува со активности во областа на менаџирање со отпад како и давање инструкции до бизнис секторот со цел да им се поедностават обврските пропишани со Законот.
Кампања "Гради Безбедно"
Кампањата за безбедност и здравје при работа во градежништвото насловена како „ГРАДИ БЕЗБЕДНО“
"Гради безбедно“ е мотото на кампањата за безбедност и здравје при работа во градежништвото што ќе ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот Инспекторат за труд, Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање, Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис Конфедерацијата на Македонија и Меѓународната организација на трудот.
Целта на кампањата е да се зголеми свеста за значењето на превентивните активности за безбедност и здравје на работниците во градежништвото, и да ја зголеми свеста кај работодавачите за подобрување на заштитата при работа.
Кампањата посебен акцент ќе стави врз работата на висина, на скелиња и на ископи, со оглед на тоа што анализите покажуваат дека најголем дел од несреќите се случуваат токму на овие работни места.
Пред почетокот на кампањата е формирано координативно тело каде ќе има претставници од сите социјални партнери и ќе бидат носители на активностите кои се прогнозирани да се одржат.
Од Синдикатот за градежништво, иднустрија и проектирање сметаат дека крајно време е да се направи ред во овој сектор, да се заштитат работниците и да се казнат оние коишто не ги почитуваат законите и ја злоупотребуваат нивната работа бидејќи како што велат имаат голем број на работници на црно врз кои се врши класична злоупотреба, тортура, што пак, генерира и повреди и смртни случаи.
Ставот за потребата од заштита на работниците во оваа сфера го делат и Бизнис конфедерацијата и организација на работодавачите, бидејќи сметаат дека само добро мотивиран и заштитен работник може да даде максимум и за себе и за компанијата, а со тоа и за државата.
Повеќе Артикли...
Лист 1 од 11
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>












